Мал број на заразени, но и мал број тестирања во последните 24 часа

0
14
Infektivno Veles 997x485

Нови 26 позитивни случаи на ковид-19 во последните 24 часа се регистрирани во Велес, со што бројот на активни случаи е 713.

Во последните 24 часа се направени 947 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-126, Куманово-27, Штип-19, Прилеп-9, Тетово-33, Велес-26, Битола-7, Охрид-2, Кавадарци-25, Гостивар-22, Гевгелија-12, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-3, Ресен-3, Неготино-23.  

Институтот за јавно здравје регистрира 1059 оздравени пациенти, починати се 25 лица, 12 пациенти од Скопје (74, 79, 75, 66, 75, 80, 82, 67, 75, 70, 71 и 61г), еден од Куманово (67г), тројца од Прилеп (73, 85 и 81г), еден од Струга (81г), двајца од Битола (47 и 74г), двајца од Гостивар (45 и 84г), еден пациент од Гевгелија (75г), еден од Берово (85г), еден од Делчево (87г) и еден пациент од Неготино (65г). Од нив, двајца се починати вон, останатисе се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 68332, бројката на оздравени пациенти е 44705, на починати е 1949, а бројот на активни случаи изнесува 21678.

Можеби ќе ве интересира: