Реконструирани и асфалтирани неколку улици во Велес, во завршна фаза е тротоарот од театарот до пошта

0
14

Последните подготвителни работи на тротоарот од Театарот до Стара аптека се во тек. Откако е отстранет асфалтот, бетонот и земјата, се поставуваат црева за систем капка по капка за наводнување на дрворедот и подземни кабли за телекомуникациските компании. О Општина Велес најавуваат дека за неколку денови ќе се насади дрворедот со повеќегодишни квалитетни дрвја каталпи и се почне со поплочувањето.

„По асфалтирање на улица ,,Мицко Козар”, денес се заврши асфалтирањето на улиците ,,Партение Зографски” и ,,Првомајска” во Нова Населба, а завршена е и реконструкцијата на улица ,,Петре Алчев, спроти Офицерски“, рече Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес.

Градежните актиности за ископ и одвоз на земјен материјал за подготовка на подлогата за ковид болница во Велес се во тек. Од општина Велес велат дека се подготвува платото, а градежните работи се во завршна фаза.

„Има уште околу 500 м3 за шкарпирање на косините. Се постави водоводна линија ф63 со должина од 35 метри и 60 метри ф50. Потребни се уште 40 метри ф50, кои ќе се постават во следните денови. Отпочната е изведбата на фекалната канализација со должина од 80м. Пробиен е алтернативен пат кој наскоро ќе се тампонира. Вредноста на инвестицијата е околу два милиони денари“, велат од Општина Велес.

Во истовреме, Општината врши асфалтирање на улицата „Крсте Мисирков” со должина од 160 метри, со вкупна вредност од 1,8 милиони денари.

„Продолжуваат градежните активност на „Смарт езеро Младост – Прва иновативна туристичка атракција во Македонија”. Се работи на подпроекот „Замок” и подготвителни активности на подпроектот „Брод”. Исто така има активности и на сервисниот блок. Завршени се градежните работи на пробивање и тампонирање на пристапна улица и паркинг до влез на „Еко кампот” со средства на Општина Велес. Вредноста на инвестицијата е 1.1 милиони денари“, информираат од општината.

No description available.

Во меѓувреме, заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Луј Пастер”, на која се заменија 400 метри азбест цементни цевки. Завршена е и изведбата на водоснабдителната линија кон Речани со должина од 800 метри. Вкупната вредност на инвестицијата 2,5 милиони денари. Од Општина Велес информираат дека во завршна фаза се градежно – монтажните работи на водоснабдување на населено место Отовица од градскиот водоснабдителен систем.

Се бетонира улица „Васил Иљоски” во населба Речани. Поплочен е тротоарот на улиците „Тодор Јанев” и „Киро Ќучук”, а завршена е реконструкцијата на улицата „Петре Милевски”, информираат од Општина Велес.

Можеби ќе ве интересира: