(ВИДЕО) Заврши реконструкцијата на градскиот парк во Кавадарци – поставен и видео надзор за поголема безбедност на граѓаните

0
14

Нови дрвни и цветни видови, нова патека, систем за наводнување и осветлување и целосен видео надзор. Сето ова е дел од реконструкцијата на градскиот парк во Кавадарци која се реализираше во изминатите пет месеци.

„Нашите сограѓани сега можат паркот да го користат и навечер, бидејќи е осветлен и е безбеден. Идеален е за рекреирање и преку ден и навечер“, рече Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Општина Кавадарци инвестира 6,5 милиони денари пари од буџетот, а беа вклучени и донации од две компании во вредност од 500 илјади денари.

Можеби ќе ве интересира: