Во Црна Гора стапи на сила полициски час

0
16
Crna gora pocinati korona

Од денес во Црна Гора се донесени нови мерки насочени кон сузбивање на пандемијата на ковид-19. Забраната за напуштање на домот трае од 22 до 5 часот наутро.

Исто така, забранета е работата на продавниците од 7 до 20 часот, додека угостителските објекти ќе бидат отворени од 7 до 18 часот.

Компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија на прехранбени производи (пазари, супермаркети) ќе работат од 7 до 20 часот, а компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија со непрехранбени производи и обезбедување услуги (трговски центри, продавници за чевли и облека, салони за убавина, фризерници) од 7 до 20 часот, предвидуваат новите мерки.

Забранет е и меѓуградскиот сообраќај од петок во 22 часот до понеделник во 5 часот наутро.

Задолжително е правилно носење на маска и одржување физичко растојание во затворено и надвор. Забранети се масовни / социјални собири, како и собири во станбени згради. Исто така е забрането да се собираат во група повеќе од четири возрасни заедно на отворено.

Можеби ќе ве интересира: