Тешка ноќ во велешката болница, починаа четворица пациенти

0
14
Bolnica Veles vecer
Bolnica Veles vecer

Четворица велешани починаа синоќа и утринава во велешката болница, како последица од компликации од коронавирус. Маж на 68-годишна возраст, кој три дена се лекувал во болницата, почина синоќа околу 18 часот. Неколку часови подоцна, после полноќ починаа уште двајца пациенти, маж на 59 и 68-годишна возраст и двајцата примени во болница пред два дена. Утрово почина уште еден маж на 66-годишна возраст, кој во болница бил три дена претходно. Со новите смртни случаи, од почетокот на пандемијата, како последница од компликации со ковид-19 починаа 76 велешани.

Од велешката болница информираат дека денеска поради коронавирус се хоспитализирани вкупно 68 пациенти. Од нив 60 имаат потврдени позитивни тестови, шестмина се сомнителни на вирусот, а двајца се со негативни тестови. Од нив, 31 пациент се на кислородна поддршка. Денеска како оздравени, се испишани четворица пациенти. На инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациенти, на одделението за физикална терапија се лекуваат дест, а на интерното одделение има четворица пациенти.

Од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразија 2268 велешани, од кои 1495 оздравеа, а 76 починаа. Активни се сè уште 697 случаи.

Можеби ќе ве интересира: