504 новозаразени во изминатите 24 часа, но и рекорден број на починати во едно деноноќие

0
12
Bolnica Veles vecer
Bolnica Veles

Нови 540 случаи на коронавирусот се регистрирани во последните 24 часа. Од нив, 31 се во Велес, каде што има и 35 оздравен пациент. Во изминатото деноќие на територија на градот Велес според Министерството за здравство има тројца починати пациенти како последица од Ковид-19.

Во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 540 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје 174-Куманово 15-Дебар 21-Штип 18-Прилеп 36-Тетово 47-Струга 1-Велес 31-Битола 8-Охрид 19-Кавадарци 26-Гостивар 27-Гевгелија 15-Струмица 12-Крива Паланка 5-Радовиш 7-Крушево 1-Кочани 3-Пробиштип 1-Македонски Брод 1-Берово 2-Валандово 2-Виница 1-Делчево 6-Свети Николе 15-Неготино 10.

Починати се рекордни досега 46 лица, деветнаесет пациенти од Скопје (85, 28, 66, 64, 73, 72, 84, 73, 67, 78, 75, 72, 73, 67, 84, 81, 72, 72 и 84г), еден од Дебар (74г), еден од Штип (81г) и еден од Прилеп (83г), пет пациенти од Тетово (78, 83, 82, 74 и 67г), двајца од Струга (61 и 61г), тројца од Велес (68, 68 и 59г), тројца од Охрид (71, 89 и 57г), еден пациент од Кавадарци (64г), еден од Гостивар (59г), тројца од Струмица (73, 75 и 83г), двајца од Кочани (82 и 70г), еден од Демир Хисар (71г), еден од Македонски Брод (64г) и двајца пациенти од Кичево (80 и 67г). Од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти од:

Скопје 252-Куманово 18-Штип 34-Прилеп 47-Тетово 22-Струга 34-Велес 35-Битола 33-Охрид 24-Кавадарци 18-Гостивар 39-Гевгелија 5-Струмица 12-Крива Паланка 4-Радовиш 6-Крушево 60-Кочани 5-Пробиштип 7-Демир Хисар 3-Македонски Брод 2-Виница 7-Кратово 4-Свети Николе 10-Кичево 24-Ресен 13 -Неготино 13.

Досега во земјата се направени вкупно 354.205 тестирања на Ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 69954, бројката на оздравени пациенти е 46352, на починати е 2023, а бројот на активни случаи изнесува 21579.

Можеби ќе ве интересира: