Во 2020 година убиени четириесет и двајца новинари и медиумски работници

0
16
Kamerasi i novinjari
Kamerasi i novinjari

Четириесет и двајца новинари и медиумски работници биле убиени на своите работни места во 2020 година, a минимум 235 новинари и медиумски работници во моментов се наоѓаат во затвор, како дел од процесите поврзани со нивната работа, објави меѓународната федерација на новинари (ИФЈ)

Бројот на смртни случаи во претходните години се намалуваше и сега е на приближно исто ниво како и пред 30 години кога ИФЈ започна да ги води овие статистики.Генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Беланж, рече дека намалувањето на бројот на убиства на новинари не може да ја прикрие „смртоносната опасност и заканите со кои се соочуваат новинарите поради нивната работа“.

Генералниот секретар на ИФЈ, Антони Беланже изјави дека намалувањето на бројот на убиства на новинари не може да ја прикрие „смртоносната опасност и заканите со кои се соочуваат новинарите поради нивната работа”.

Според информациите на ИФЈ, во последните триесет години убиени се 2.658 новинари ширум светот.

Најмногу новинари годинава се убиени во Мексико – 13, со што земјата четврти пат е на врвот на списокот на ИФЈ во последните пет години.

Можеби ќе ве интересира: