(ВИДЕО) Велешанецот Благој Ламњов со верзија на Jingle Bells во негов стил

0
20
Blagoj Lamnjov

Виртуозот на кларинет, велешанецот Благој Ламњов, кој живее и работи во Шведска ја поздрави јавноста, а посебно своите велешани со безвременската новогодишна Jingle Bells, но изведена во само нему препознатлив стил.

Ламњов подолго време музицира со светски оркестри, во најпрестижните музички институции. Вниманието на културната и музичката јавност го привлече и со деби-албумот „Носталгична љубов“, но и со неговите успеси на музичко поле во Шведска.

Освен музиката од светските класици, Ламњов често прави и изведува обработки на македонска народна музика. Сепак, овој пат, тој се реши да ги разубави претстојните новогодишни и божиќни празници. Погледнете како:

https://www.youtube.com/watch?v=IKgMH67lfkc&fbclid=IwAR0iqu0k16OZFDUOTU1xPexFm0U6eUFqXLhApwWmTTjL8qe0eDsm–JtVsU

Можеби ќе ве интересира: