12 000 дрвца ќе се засадат на есенската акција за пошумување

0
33
ezero mladost posumuvanje

Дванаесет илјади дрвца ќе бидат засадени утре на втората есенска акција за пошумување на опожарениот појас крај езеро Младост.  До веќе израснатите, ќе се засадат нови стебленца багрем кои дополнително ќе го збогатат шумскиот фонд кој беше опустошен во големиот шумски пожар. Војници, пожарникари, ученици, службеници, акцијаши и други вљубеници во природата и здравата животна средина ќе учествуваат на акцијата и ќе дадат свој придонес во обновувањето на шумата. Со 40 висококвалитетни стебленца ќе учествуваат и членовите на Лајонс Клубот од Велес. На денешната прес конференција, Градоначалникот Коцевски ги повика граѓаните на Велес, да дојдат на езеро Младост и со сопствени раце да засадат дрвца.

„Ја користам оваа прилика да ги повикам сите добронамерни граѓанки и граѓани кои сакаат да живеат во здрава животна средина, да земат учество на утрешната акција и да посадат дрвца, затоа што само на тој начин ќе успееме да ги обновиме единствените „бели дробови“ на градот. Се надевам дека временските прилики ќе не послужат и  дека успешно ќе ја реализираме акцијата за пошумување, рече Коцевски.

Општина Велес обезбеди организиран превоз до езеро Младост. Автобусите ќе поаѓаат од пред постојката спроти „Пан Такси“во 10.15 часот и од спротивната страна на Основен суд Велес во 10.30 часот.

Градоначалникот Коцевски се надева дека успешно ќе се продолжи минатогодишната акција на пошумување, на која беа засадени вкупно 13.700 садници. 2.700 беа донација од Ротари Клубот а останатите ги набави Општината со пари од буџетот. Минатогодишната акција помина повеќе од успешно затоа што речиси сите садници опстанаа. Истовремено Општина Велес отвори и наменска сметка на која досега се собрани вкупно 192.400 денари.

Денеска ќе бидат засадени 40 дрвца на  тротоарот на потег од Таатарската зграда до Пошта.

Mожеби ќе ве интересира: