Скулпторска изложба на Илчо Стојановски

0
8
Ilco Stojanovski izlozba 1

Дваесетина скулптури од дрво, гипс, керамика и мермер изработени од академскиот вајар Илчо Стојановски Илко се изложени во Ликовниот салон во Велес. Изложбата е проект од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2020 година од национален интерес, финансиски поддржана од Министерството за култура,во реализација на одделението за Историја на уметноста, ЛУ Народен музеј Велес.

И во овие уметнички дека доминира реализмот по кој е препознатлив велешкиот скулптор, како и дрвото кое е негов омилен материјал за работа.

Стојановски изработил  бисти на личности од подалечни простори, со фиксиран поглед, нагласени очни капаци, како и портретите во кои се наѕира тагата и меланхолијата. Во некои посложено изработени портрети или ликови пак може да се забалежи емотивната изразност на личноста. Негова најголема инспирација за создавање на уникатни уметнички дела се животот и природата но пред се човекот.

Оваа изложба е негова втора самостојна изложба, а учествувал во голем број групни изложби и колонии. Стојановски е добиитник на голем број награди и признанија.

Официјално изложбата ќе биде реотворена напролет, по завршувањето на пандемијата. Но и сега е достапна за пошироката јавност.

Можеби ќе ве интересира: