Разрешена директорката на Центарот за јавно здравје Велес

0
13
CJZ Veles

Весна Николовска Неделкова е нов директор на Центарот за јавно здравје во Велес. Таа доаѓа на местото на Анастасија Иванова, која седум месеци беше на чело на оваа институција. Новата директорка, која е специјалист по интерна медицина, доаѓа од велешката болница, а каде што освен лекар, беше и портпарол на оваа здравствена институција.

Според порталот Дума, причина за разрешувањето на Иванова биле нарушените меѓучовечките односи и угледот на институцијата. Иванова го наследи Тони Димитриевски, кој беше разрешен, откако здравствените и санитарни инспектори открија низа неправилности во неговото работење.

др. Весна Николовска Неделкова

Новата директорка Весна Николовска Неделкова, која ќе биде вршител на должноста до изборот на директор со мандат, е специјалист по интерна медицина од 2013 година и суб специјалист по кардиологија од 2018 година. Таа во изминативе 15 години беше лекар на тимот на Одделението за интерни болести во велешка болница. Претходно, пред специјализациите Николовска Неделкова беше лекар по општа пракса и три години работеше како матичен лекар.

Можеби ќе ве интересира: