Идентичен број на новозаразени и оздравени од ковид-19 во Велес

0
9
Bolnica Veles

Еден починат и 26 нови заразени и исто толку оздравени од ковид-19 во Велес регистрира Министерството за здравство во последните 24 часа. Бројот на активни случаи во градов е 692. Во последното деноноќие на територијата на државата регистрирани се нови 982 позитивни случаи на коронавирус.

Состојбата по градови изгледа вака: Скопје-456, Куманово-24, Дебар-2, Штип-23, Прилеп-69, Тетово-36, Струга-38, Велес-26, Битола-45, Охрид-42, Кавадарци-43, Гостивар-34, Гевгелија-14, Струмица-28, Крива Паланка-2, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Валандово-7, Виница-6, Делчево-15, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-7, Неготино-9.  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 556 оздравени пациенти, Починати се 19 лица, четири пациенти од Скопје (82, 53, 74 и 84г), еден од Куманово (87г), еден од Струга (78г), еден од Велес (53г), еден од Битола (86г), двајца пациенти од Охрид (76 и 80г), еден од Кавадарци (65г), двајца од Гостивар (75 и 56г), четири пациенти од Крива Паланка (66, 40, 72 и 67г), еден од ПЕ Делчево-Македонска Каменица  (81г) и еден пациент од Кратово (65г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73025, бројката на оздравени пациенти е 48726, на починати е 2096, а бројот на активни случаи изнесува 22203.

Можеби ќе ве интересира: