Филипче: Угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега

0
16
restoran

Министерот за здравство, Венко Филипче, ги изнесе предлозите кои Комисијата за заразни болести ќе ги достави до Владата.

Tој напиша дека утрово, на состанокот на Комисијата за заразни болести разговарале за нов пакет на рестриктивни мерки.

Нивниот предлог кој ќе го препорачаат до Владата е во периодот од 18 декември до 21 јануари.

Угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега, останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка. Во престојниот период, Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците.

Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за престојните празници, односно укажува да се почитуваат препораките за собири во домови.

На хотелите им се забранува работа на рестораните и баровите по 21 часот. На сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.

На денешната седница на Комисијата за заразни болести беа присутни и преставници на Независната угостителска комора.

Можеби ќе ве интересира: