Премиерот Заев нема да свика лидерска средба

0
12
zaev-micko

Премиерот Заев информира дека нема да свика лидерска средба, откако на вчерашната пресконференција најави дека до крајот на годината ќе се одржи лидерска средба.

Тој истакна дека нема да дозволи лидер на партија да го понижи претседателот на државата Стево Пендаровски, откако вчера јавно Мицкоски соопшти дека нема да присуствува на лидерска свикана од шефот на државата.

“За што да свикам лидерска средба? Јас не се согласувам воопшто со ова затоа што Владата покажа пример на пријателство и продолжува да гради пријателство. Покажа дека ги има своите црвени линии и никогаш не помислува да погази било какви интереси. За жал не ја добиеме првата меѓувладина конференција, која варувам дека ќе ја добиеме час поскоро затоа што целосно ја заслужуваме. 26 земји членки се комплетно позади нашите позиции. Успешно се справувавме и со здравствената криза, еднакво и многу подобро од многу други земји“, рече премиерот Зоран Заев.

Коментирајќи го ставот на опозицијата дека нема да присуствува на лидерска средба свикана од претседателот на државата, Заев со став дека таквиот однос е несоодветен.

Можеби ќе ве интересира: