Кризната состојба во земјава продолжена до 30 јуни 2021 година

0
15
sobranie-

Кризната состојба е на сила од минатиот месец и ќе продолжи и во следните шест месеци, со одлука на Владата поради состојбата со коронавирусот.

Со 61 глас „за“, без ниеден „против“ и „воздржани“ Собранието ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година. На седницата не присуствуваа пратениците од опозоцијата.

Пратениците денеска констатираа и дека Предлог-законот за попис на населението во прво читање е прифатлив и може да се проследи на натамошно читање. Опозицијата не беше присутна во салата и за време на овие гласања.

Можеби ќе ве интересира: