Почина Аљуш Ахмет, член на Советот на Општина Велес

0
11

На 66 годишна возраст и по подолго боледување, денеска во Велес почина Аљуш Ахмед, член на Советот на Општина Велес . Тој неколку месеци ја извршуваше оваа функцијата, како преставник на Турската партија на Македонија, а дел од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

По повод смртта на Ахмед, денеска, во големата сала на Општина Велес се одржа комеморативна седница на која за неговиот живот, професија и работниот век пред членовите на смејството и членовите на Советот на Општина Велес говореше Претседателот на Советот Ќирил Гајдов. Исто така беше отворена и книга на жалост во која своето сочувство го изразија роднини, пријатели, колеги, сопартијци.

Аљуш Ахмет претходно беше заменик претседател на Турската партија во Велес. На последните локални избори тој беше кандидиран на листата за членови на Совет на Општина Велес предводена од СДСМ.

Исто така, Ахмет беше познат помеѓу велешани и како основач на КУД „Бирлик“, сликар, автор на поезија, на прозни текстови кои се користеа за подготовка на алтернативни театарски сцени за претстави. Меѓу нив особено внимание предизвика текстот за претставата „Човечките вредности немаат вера и религија“ работена според македонската народна песна „Елено ќерко Елено“ во која тој ја раскажа, додека режисерката Весна Димитрова Бобевски ја прикажа љубовта на велешанката Елена Кртчева со син на тогашен бег во Велес. Претставата ги содржеше и идеалите на младотурските револуционери од една и од друга страна на македонските комити. Претставата беше изведена за одбележување на патронен празник на ООУ„Васил Главинов“.

Аљуш Ахмет беше сопруг и татко на две деца. Погребот на Ахмет се одржа денеска во 13 часот на Муслиманските гробишта во Велес.

Можеби ќе ве интересира: