Зачестените контроли во Велес за три пати го намалија бројот на повредени и загинати во сообраќајки

0
19

Три пати помалку сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди се случиле во Велес годинава, споредбено со истиот период лани. За уште поголем процент, односно за 67% е намален и бројот на жртви во сообраќајни несреќи, а 28 проценти помалку сообраќајни несреќи се случиле годинава во однос на лани. Според полицијата, ова се должи на се позасилените сообраќајни контроли на улиците и патоиштата.

Така беше вчера и завчера во Велес, кога мобилната единица за безбедност во сообраќајот при МВР спроведе засилена акциска контрола на сообраќајот во Велес.

„За два дена сообраќајната полицијата казни 91 возач, меѓу кои 11 кои возеа без возачка дозвола, на 14 граѓани возилото им било нерегистрирано, а казнети се и седум возила кои вршат јавен превоз. Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви„, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Вчерашната акција е втора контрола во градот, откако иста таква се спроведе пред два месеци.

Можеби ќе ве интересира: