Нов смртен случај од коронавирус утрово во Велес

0
16
infektivno veles

Пациентка на 77-годишна возраст утрово почина во велешката болница, како последица од компликации со коронавирус. Таа се лекувала на инфективното одделение еден ден пред да почине, а претходно била хоспитализирана на интерното одделение во болницата. Починатата жена е 81 жртва на ковид-19 во Велес од почетокот на пандемијата.

Во велешката болница денеска се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 46 иамат потврден позитивен тест за ковид-19, а осуммина се сомнмителни на вирусот. На кислородна поддршка се 23 пациенти. Како оздравени, со по еден негативен брис, денеска од болницата се испишани седум пациенти. На инфективното одделение се лекуваат 40 пациенти, на одделението за физикална терапија девет и на интерното одделение има пет пациенти.

Од почетокот на пандемијата до денеска, во Велес е регистрирани 2508 заразени со коронавирус, од кои 1776 се оздравени, а активни се 651 случај.

Можеби ќе ве интересира: