Бојкот на матурантите во средните општински училишта

0
11
Onlajn nastava prazna ucilnica

Неколку дена по ред матурантите од сите четири средни училишта ја бојкотираат наставата односно не се вклучуваат на онлајн часовите и не доаѓаат на училиште за практична настава. Учениците бараат да се укине државната матура.

„Од страна на училиштата превземени се сите мерки односно одржани се вонредни родителски средби, совет на родители, разговори со преседател и членови на училишна заедница. Сите родители се известени, постои редовна комуникација со класните раководители на завршните паралелки и редовно се одржуваат координативни состаноци“, рече Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.

Директорите на училиштата веќе одржале  состанок со Министерката Мила Царовска која дала јасни насоки и искажала цврст став дека матурата ќе продолжи да опстојува како и досега, но со суштински промени.

Имено оваа година матурантите учат според скратена програма и на матурата учениците ќе работат според поедноставени прашања. Матурата ќе се одвива физички со редуциран број на ученици во една група.

„Не е добро да се укине матурата затоа што со тоа се обезвреднува дипломата од средното училиште и без неа не се заокружува тој цилкус на образование. Без матурски испит учениците не  можат да се запишат во странство и не им се признаваат во целост испитите од средното образование“, рече Коцевски.

Според овие насоки, делумно учениците веќе почнале да се вклучуваат на настава и дека  голем дел од матурантите ги пополниле пријавите за полагање на матурски испит.

Можеби ќе ве интересира: