Во февруари стартува изградбата на новиот градски пазар во Велес

0
10
pazar

Подготовките за изградба на новиот градски пазар се во завршна фаза. Градоначалникот на Велес Аце Коцевски, според кого, ова е еден од најзначајните капитални проекти за Велес и велешани, најави дека изградбата ќе почне во февруари 2021 година, веднаш откако ќе заврши тендерската постапка за избор на фирма кој ќе го гради изведувач новиот градски пазар.

„Сметам дека проектот ќе го врати животот на левиот брег на Велес, дека ќе донесе нова урбана естетика, нова свежина и што е најважно од сé, ќе го зајакне економскиот развој во градот и во регионот“, рече Коцевски.

Новиот пазар ќе се гради на местото на стариот.Градоначалникот Коцевски вели дека овој проект е изгласан како приоритетен за финансирање и од страна на Советот за развој на Вардарскиот плански регион, затоа што пазарот во Велес е значаен за регионалната економија и од него остваруваат егзистенција земјоделци и трговци од целиот регион.

„Покрај средствата што ги обезбедивме од Владата во висина од 40 милиони денари, преку програмата за подобрување на Општинските услуги со заем  од Светска Банка обезбедивме и дополнителни 46.003120 денари“, рече Коцевски.

Финансиите преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ги обезбедува  Бирото за регионален развој од каде се очекува  поддршка од 15 милиони денари. Со ова се обезбедени потребните над 86 милиони денари за изградба на пазарот.

Градежната парцела опфаќа вкупно 4171.93м2 од кои 2218.72 м2 површина наменета за продажба на производи. Новиот пазар опфаќа дуќани, дел под отворена настрешница, паркинг простор, санитарии и магацински простор. Во првата фаза ќе се гради долниот дел од пазарот за да се овозможи негово непречено функционирање во текот на изградбата.

Можеби ќе ве интересира: