(ВИДЕО) Фондацијата „Никола Јанчев“ донираше милион денари за кислородна станица во новата ковид-болница во Кавадарци

0
16

Фондацијата „Никола Јанчев“ додели еден милион денари, пари наменети за изградбата на новата кислородна станица, која ќе биде во функција на новата модулана болница, која ќе биде инфектино одделение во кавадаречката болница.

Фондацијата, која е формирана во чест на Никола Јанчев, основачот на кавадаречката компанија „Кожувчанка“, многупати е докажана со својата хуманитарна активност во образованието, здравството, општествените и културните дејности, кај обичните граѓани кои се обраќаат за помош . Овојпат во служба на здравјето, ова фондација во чест на голмеиот верски празник „Свети Никола“, донира еден милион денари, потребни за обезбедување кислородна станица, која оавен Ковид модуларната болница, ќе ја користат и хирушните сали во болницата.

На скромна свеченост, според Ковид протоколите, на средбата во Кавадарци присуствуваа градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој е син на основачот на „Кожувчанка“ и основач на Фондацијата „Никола Јанчев“, министерот за здравство Венко Филипче, директорот на кавадаречката болница д-р Диме Коцев и Јанинка Чупаркоска, генерална директорка на „Кожувчанка“ и Фондација „Никола Јанчев“.

Можеби ќе ве интересира: