Две велешанки починаа, нови 24 заразени од ковид-19, се намалува бројот на пациенти во болница

0
12
Bolnica Veles

Две велешанки на возраст од 65 и 70 години починаа во болницата во Велес како последица од компликации со ковид-19. Двете жени биле позитивни на коронавирус и два дена се лекувале на интерното одделение. Со новите починати, од почетокот на пандемијата во Велес од ковид-19 починаа вкупно 84 граѓани.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека 24 нови случаи на коронавирус се регистриани во Велес во последните 24 часа. Со нив, вкупниот број активни случаи изнесува 692. По подолг период бројот на хоспитализирани во велешката болница падна под 50.

Оттаму велат дека денеска во оваа здравствена институција се хоспитализирани 46 пациенти, од кои 28 имаат потврдени позитивни тестови, седуммина се сомнителни, а 11 со со негативни тестови. На инфективното одеделение има 36 пациенти, на одделението за физикална терапија се лекуваат четворица, а на интерното одделение шест пациенти. Седум велешани се хоспитализирани во приватни клиники во Скопје, а еден се лекува на Клиниката за торакално-васкуларни заболувања. Вкупно 634 велешани од ковид-19 се лекуваат дома.

Од почетокот на пандемијата до денеска од коринавирус се заразија 2599 велешани, од кои 1835 оздравеа.

Можеби ќе ве интересира: