Вториот човек на бугарското ВМРО го нарече Велес „прекрасен бугарски град“

0
9
angel djambaski

„Кога зборуваме за внатрешна одбрана, мора да обрнеме внимание и на еден многу важен аспект. Ова е таканаречена информациска војна против земјите-членки на Северноатлантскиот договор. Бугарија повторно страда од ваков информативен напад на социјалните мрежи, извршен од служби и организации што јас лично ги поврзувам со длабоката држава во Република Северна Македонија, со Белград и, се разбира, со фабриката за лажни вести во Санкт Петербург“, рече заменик-претседателот на ВМРО Ангел Џамбаски за време на меѓународната конференција „Европа и новите глобални закани“.

Европратениците и меѓународните експерти разговараа за тековните закани кон Европа за време на настанот организиран на иницијатива на Партијата на европски конзервативци и реформисти, чиј заменик претседател е Џамбаски.

„Сите се сеќавате дека една од најголемите фабрики за лажни вести, која е поврзана со фабриката во Санкт Петербург, се наоѓа во прекрасниот бугарски град Велес. Во моментов започнува таков напад против Бугарија – апсолутно лажни, неверни тези се широко распространети во сите видови социјални мрежи“, коментира европратеникот.

Според него, неприфатливо е бугарските граѓани – дали доброволно и свесно, или платено – да се занимаваат со антибугарска политика.

„Честопати ја слушаме лагата дека веднаш мора да ја поддржиме Република Северна Македонија, бидејќи во спротивно таа би била нападната од Русија или Соединетите држави. Зарем Република Северна Македонија, со благослов на Бугарија, не стана дел од Северноатлантскиот договор?“, кажа Џамбаски и додаде дека „антиевропски сили во моментов дејствуваат на територијата на Република Северна Македонија“.

Можеби ќе ве интересира: