Велешанка почина од ковид-19 утрово на инфективното одделение

0
11
infektivno veles

Велешанка на 75-годишна возраст почина утрово на инфективното одделение во велешката болница како последица од компликации од ковид-19. Пред да почине, велешанката четири дена се лекувала во болницата. Таа е 85-тата жртва на коронавирусот во Велес, од почетокот на пандемијата.

Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница денеска во однос на вчера останува непроменет. Таму се лекуваат 46 пациенти, од кои 28 имаат потврден позитивен тест, двајца се сомнителни, а 16 пациенти се негативни на ковид-19. На кислородна поддршка денеска се 14 пациенти или тројца помалку од вчера. Петмина пациенти денеска се испишани од болница како оздравени, со по еден негативен брис.

На инфективното одделение се сместени 35 пациенти, на одделението за физикална терапија четворица, а на интерното одделение има седум пациенти, хоспитализирани поради ковид-19. Од почетокот на пандемијата вкупно 2595 велешани зе заразија со коронавирус, од кои 1859 оздравеа, а активни се 652 случаи.

Можеби ќе ве интересира: