Драстично опаднат бројот на новозаразени велешани во последните 24 часа, еден пациент почина

0
19
infektivno veles

Нови 357 случаи на коронавирусот се регистрирани во последните 24 часа. Од нив, четири се во Велес, каде што има и 40 оздравен пациент. Во изминатото деноќие на територија на градот Велeс има и eден починат пациент како последица од Ковид-19.

Состојбата по градови изгледа вака:

Скопје 132-Куманово 15-Дебар 4-Штип 11-Прилеп 17-Тетово 14-Струга 9-Велес 4-Битола 18-Охрид 24-Кавадарци 18-Гостивар 8-Гевгелија 18-Струмица 18-Крива Паланка 5-Радовиш 1-Крушево 1-Кочани 8-Пробиштип 5-Валандово 1-Виница 1-Делчево 1-Свети Николе 2-Кичево 8-Ресен 8-Неготино 6.

Починати се 18 лица, седум пациенти од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56, 58г), еден од Куманово (60г), двајца од Струга (70 и 82г), двајца од Битола (48 и 78г), четири пациенти од Охрид (84, 82, 70 и 78г), еден од Кочани (55г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 689 оздравени пациенти од:

Скопје 263-Куманово 36-Штип 40-Прилеп 43-Тетово 27-Струга 37-Велес 40-Битола 39-Охрид 34-Кавадарци 23-Гостивар 31-Гевгелија 8-Струмица 5-Крива Паланка 3-Радовиш 4-Крушево 1-Кочани 13-Пробиштип 2-Демир Хисар 3-Македонски Брод 3-Валандово 2-Виница 1-Кратово 2-Свети Николе 7-Кичево 3-Ресен 3-Неготино 16.

Досега во земјата се направени вкупно 380.616 тестирања на Ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 78305, бројката на оздравени пациенти е 54034, на починати е 2292, а бројот на активни случаи изнесува 21979.

Можеби ќе ве интересира: