(ВИДЕО) Со еврогол на Јанкуловски Превалец го совлада Напредок

0
16
Prevalec Napredok

Со денешните натпревари од 13 коло заврши есенскиот дел во Трета лига Југ. Дербито на колото се одигра во Превалец каде што истоимената екипа ја пречека екипата на Напредок од Крушеани.

Во тврд натпревар домаќините победија со резултат 1 : 0. Гостите во седмата минута не реализираа најстрога казна, за да со евроголот на Јанкуловски од 25 метра домаќините ги освојат трите бода.

Екипата на Илинден од Башино село продолжува со лошите игри. Тие денес беа поразени од Обршани со резултат 4 : 2 и со овој пораз тие останаа на последното 15 место.

Резултати од 13 коло:

Вардар Неготино – Ново Црнилиште 1 : 1

Обршани – Илинден 4 : 2

Големо Коњари – Марена 2 : 2

Братство – Локомотива 0 : 2

Младост 1930 – Питу Гули 0 : 0

Дојранско езеро – Младост Удово 2 : 2

Превалец – Напредок Крушеани 1 : 0

На врвот од табелата се наоѓаат Локомотива и Ново Црнилиште со по 28 бода, па следуваат Превалец и Напредок со по 27 бода. Првенството продолжува напролет.

Можеби ќе ве интересира: