недела, 20 септември, 2020
Реклама

Пунктови за дезинфекција на сите возила поставени на влeзовите во Кавадарци

На секој влез на Кавадарци од денеска се поставени пунктови, на кои ќе се дезиунфицираа сите возила кои влегуваат во градот и кои транзитираат. Ова е една од одлуките кои ги донесе Кризниот штаб за заштита и спасување на општина Кавадарци, откако денеска се појави првиот заразен Кавадарчанец со коронавирус.

„На пунктовите ќе бидат дежурни лица од Шумско стопанство Бор Кавадарци, Дирекција за заштита, Територијална противпожарна единица, ЈП Комуналец, инспекциско одделение на Општина Кавадарци, Мој општинар и ОВР Кавадарци“, велат општинските власти.

Освен ова, Кризниот штаб го задолжи Јавното претпријатие Паркинг, на секои 30 до 40 минути да ги дезинфицира сите банкомати и други слични апарати.

„Општинскиот штаб за заштита и спасување препорачува на жителите на Општина Кавадарци да ги почитуваат сите препораки и да се избегнуваат сите групирања над пет лица. Во однос на овие заклучоци за територијата на општина Кавадарци, препораката е да не се групираат над пет лица во викенд населбите Моклиште, споменикот на 12 Ваташки младинци и викендиците на Тиквешко езеро. На овие места полицијата редовно ќе контролира“, велат од општина Кавадарци.

Во услови на вонредна состојба, Кризниот штаб за заштита и спасување на општина Кавадарци работи во проширен состав заедно со Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ОВР Кавадарци.

Mon Жан - Играчки