Забранети сите летови со Велика Британија, карантин од 14 дена за сите патници што доаѓаат во земјава

0
20
Aerodrom Skopje
Aerodrom Skopje

Владата ги забрани сите летови од Велика Британија во земјава, соопшти премиерот Зоран Заев, по појавата на мутацијата на ковид-19.

„После најновите информации поврзани со појавата на забрзано ширење на коронавирусот во Велика Британија, на денешниот главен кризен ковид-штаб донесовме одлука за забрана за сите летови од Велика Британија во Северна Македонија. Дополнително, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација за сите патници што по воздушен или копнен пат, директно или индиректно пристигнуваат од Велика Британија во Северна Македонија“, напиша премиерот Заев.

Комисјата за заразни болести мерката за самоизолација ја усвои на утринскиот состанок превентивно по информациите дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Велика Британија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана“ се наведува во соопштението.

На забраната се придружија и Австрија, Хрватска, Швајцарија, Шведска, Чешка и трите балтички земји.

Надвор од ЕУ, Канада соопшти дека привремено, 72 часа ќе ги забрани патничките летови од Велика Британија.

Можеби ќе ве интересира: