Велешанецот Димитриевски со фантастична партија ја заврши оваа календарска година

0
25

Македонскиот интернационалец, велешанецот Дарко Димитриевски на одличен начин со неговиот Синфин ја заврши оваа календарска година во АСОБАЛ лигата.

Тој и неговите колеги со квалитетно второ полувреме (17-12), вчера се изборија за бод за гостувањето кај Анаитасуна, екипа која на хартија важеше за голем фаворит за победата.

Еден од најдобрите на теренот беше токму нашиот Димитриевски со седум постигнати голови од 11 обиди, односно заедно со Лапајен од Анаитасуна беа најефикасни играчи на натпреварот.

Ова за Синфин беше 9 сезонски со што во моментов е доволно за 9 место на табелата.

Преземено од: derbi.mk

Можеби ќе ве интересира: