Општина Велес обезбеди 260 таблети за деца од основните и средните училишта

0
19

Општина Велес обезбеди 260 таблети кои ќе бидат распределени на ученици од семејства кои се во тешка социјална ситуација и не се во можност да ги набават. Набавката на таблетите е поддршка за учениците во услови на Ковид 19.

„Верувам дека на ваков начин ќе им ја олесниме маката на 260 велешки семејства и ќе го направиме токму она што градот треба да го прави, а тоа е да ги поддржува граѓаните на секаков можен начин, особено младите генерации“, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Според нашите податоци во основните училишта во Велес недостиг на компјутерска опрема пријавиле 127 ученици, а во средните училишта 77 ученици. За преостанатите таблети дополнително ќе се анализира состојбата и во централните и во подрачните училишта. Преку програмата за поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво Ромактед, Општина Велес обезбеди уште 35 таблети.

Можеби ќе ве интересира: