Бензините поскапи, а дизелот поевтин за половина денар

0
22
pumpa-benzinska

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 14.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 14.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 14.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,837 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира: