Втор ден по ред едноцифрена бројка на заразени пациенти во Велес, бројот на оздравени пациенти повторно расте

0
17
saat-kula

129 случаи на коронавирусот се регистрирани во последните 24 часа откако се направени 591 тестирања. Од нив, како и вчера четири се во Велес, каде што има и 51 оздравен пациент. Во изминатото деноќие на територија на градот Велeс има и eден починат пациент како последица од Ковид-19.

Состојбата по градови изгледа вака:

Скопје 63-Куманово 4-Штип 4 -Прилеп 14 -Тетово 7 -Велес 4 -Битола 1 -Охрид 2 -Кавадарци 12 -Гостивар 2 -Гевгелија 4 -Струмица 1 -Крива Паланка 1-Радовиш 1 -Кочани 1 -Пехчево 1 -Берово 1 -Виница 1 -Делчево 1 -Кичево 3-Неготино 1.

Починати се 22 лица, три пациенти од Скопје (44, 61 и 67г.), еден од Куманово (88г.), еден од Дебар (43г.), од Штип (64г.), пријавени се девет пациенти од Прилеп од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68г.), двајца од Струга (86 и 78г.), еден пациент од Велес (75г.), од Битола (58г.), од Гевгелија (72г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (86г.) и еден пациент од Кичево (69г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1122 оздравени пациенти од: -Скопје 275 -Куманово 29 -Дебар 35 -Штип 25 -Прилеп 67 -Тетово 34 -Струга 3-Велес 51 -Битола 89 -Охрид 8 -Кавадарци 84 -Гостивар 43 -Гевгелија 20 -Струмица 15 -Крива Паланка 14 -Радовиш 7 -Крушево 2 -Кочани 17 -Пробиштип 13 -Демир Хисар 5-Пехчево 7 -Берово 21 -Валандово 3 -Виница 41 -Делчево 79 -Свети Николе 11 -Кичево 62 -Ресен 24 -Неготино 38.

Досега во Македонија се направени вкупно 381.207 тестирања на Ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78434, бројката на оздравени пациенти е 55155, на починати е 2314, а бројот на активни случаи изнесува 20965.

Можеби ќе ве интересира: