петок, 25 септември, 2020
Реклама

Бројот на заразени со коронавирус во Австрија се искачи за 200 за помалку од еден ден

Коронавирусот се шири со голема брзина во светот, вклучително и во Австрија.

Според најновите информации, 209 нови случаи на инфицирани со вирусот се потврдени денес во Австрија и бројот сега изнесува 2.394 на национално ниво.

Според австрискиот Хеут, досега во Австрија починале 12 лица, а последната жртва на коронавирусот бил 81-годишен маж. Досега се регистрирани 500 случаи на инфекција со коронавирусна инфекција во Виена.

Австрија од вчера воведе построги гранични мерки , како резултат на пандемијата на коронавирус во Европа. Исто така го намали јавниот превоз за 90 проценти и приватниот сообраќај за 45 проценти. Железничките линии кон Швајцарија се откажани, а возовите кон Германија ги превезуваат само Германските граѓани кои се враќаат во својата татковина, објави железничката компанија ОББ.

Mon Жан - Играчки