(ВИДЕО) Репортажа на Скај њуз: Лекарите од Бергамо во епска борба против коронавирусот

2

Британскиот ТВ канал Скај њуз објави шокантна репортажа од болницата во италијанскиот град Бергамо, во која се прикажани натчовечките напори на лекарите да се справат со стотиците пациенти заболени од коронавирусот.

Новинарот на оваа телевизија Стјуарт Ремзи ја пренесува атмосферата од болницата во градот, кој е еден од најзафатените со вирусот во Италија.