Нови шест заразени попладнево, тројца се од Кавадарци, бројката се искачи на 76

3

Нови шест пациенти заразени со корона вирус се откриени попладнево. Од нив тројца се од Кавадарци, двајца сопружници и уште едно лице, кое нема никаква поврзаност со нив, објави министерот за здравство Венко Филипче на фејсбук.

Со ова, вкупната бројка на заболени се искачи на 76.

Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.