петок, 25 септември, 2020
Реклама

(ВИДЕО) Димитров: Со хуманитарни летови ќе се враќаат граѓаните заглавени во странство

Со хуманитарни летови државата ќе ги враќа дома македонските граѓани кои се загалавени во трети земји, но откако ќе се вратат, ќе мора да одат во карантин.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес конференција ја образложи ситуацијата со македонските граѓани заглавени во странски гржави. Тој рече дека владата ги задолжила Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт и врски да подготват посебен план за хуманитарни летови за граѓаните кои се надвор од земјава, а кои поради мерките на другите држави не можат да се вратат назад.

Законска обврска на овие граѓани ќе биде кога ќе се вратат да поминат соодветен број денови во карантински услови за нивна и за безбедност на сите останати граѓани.

Министерот Димитров апелираше овие граѓани на кои им треба помош да се врата во земјата пријавувањето да го направат до утре, недела, 22 март, до 18.00 часот поладне, за институциите да имаат прецизна бројка.

Телефоните за пријавување за извлекување од трети држави се:

+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)

+389 75 446 647 (редовна линија)

+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp) Електронска пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Целата прес конференција на министерот за надворешни работи Никола Димитров:

Mon Жан - Играчки