СЗО: Може ќе бидат потребни и до 150 милиони тестови за коронавирус ширум светот

1

Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан денеска изјави дека досега ширум светот има дистрибуирано околу 1,5 милиона тестови за коронавирусот, но во иднина постои можност да бидат потребни и 80 до 100 пати повеќе за да се задоволат потребите. Иако звучи доста екстремно тоа е заклучок добиен по направена анализа.

Според него, СЗО се соочува и со нови потешкотии ширум светот како што се распоредувањето на персоналот и материјалите, вклучувајќи ги и тестовите за коронавирусот и заштитната опрема, пренесува Тасс.