Девет нови случаи на коронавирус во Македонија, бројката се искачи на 85

3
Filipce 20.03.2020

Регистрирани се девет нови случаи на коронавирус во земјата, објави пред малку министерот за здрацство Венко Филипче. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85.

Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во шест градови, Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката, објави министерот Филипче.