Нови случаи на прекршување на мерките за самоизолација

1

Граѓаните кои се вратиле од странство најверојатно не ја сфаќаат сериозноста од пандемијата. Уште две лица од Кочани заработија пријави поради непочитувањето на мерката за самоизлоцаија.

И двете лица при влез во државата на граничниот премин потпишале изјава дека ќе бидат во самоизолација, но за жал по неколкуте проверки од страна на полициски службеници кои не ги нашле во нивните домови поднесена им е пријава.

Полицијата продолжува да го посетува во различни термини сите оние кои при влез во државата се изјасниле или пак им било кажано дека треба да ја почитуваат владината мерка за седење дома.