(ВИДЕО СО ДРОН) Кавадарци е пуст град! Помеѓу последните девет заболени, нема кавадарчани!

2

Нема нови заболени од коронавирус во Кавадарци. Тестовите на седумтемина кои вчера беа тестирани се негативни, дознава Батали.нет од извори од Центарот за јавно здравје. Со тоа, бројката на заболени кавадарчани од коронавирус останува три.

Ова е добра вест за кавадарчани. Но, и покрај тоа, тројцата заболени од коронавирус ги исплашија своите сограѓани, кои останаа дома, во изолација.

Додека на сите влезови на Кавадарци се дезинфицираа возилата, на градските улици и на плоштадот речиси и да немаше движење.

Општина Кавадарци денеска донесе нови, дополнителни мерки за заштита од ширење на вирусот. Затворен е градскиот пазар, а издадена е наредба за дезинфекција на сите влезови од згради, лифтови и скалишта, а редуциран е такси и јавниот превоз.

Погледнете како изгледаше Кавадарци денеска, на 21.03.2020, во 18 часот.