НОВИ ЗАРАЗЕНИ! Рекорден број на заболени од короанвирус за едно деноноќие во Македонија

2

Нови 29 регистрирани случаи на коронавирус во земјава се регистрирани во изминатото деноноќие. Со ова, бројот на заболени од КОВИД-19 се искачи на 114, објави предмалку министерот за здравство Венко Филипче.

„Во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа сѐ уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите“, објави министерот Филипче.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани…

Geplaatst door Венко Филипче op Zondag 22 maart 2020