Прва жртва на коронавирусот во Македонија

1

Жена на 57 години од Куманово е првата жртва на коронавирусот, откри министерот за здравство Венко Филипче. Жената заболела и починала иако навремено и биле земени брисеви и резултатите два пати биле негативни. И покрај негативните резулатите, таа била во изолација минатата недела во Куманово.

Брис и е земен синоќа после смртта и тестот бил позитивен. Брисот е земен заради наглото влошување на состојбата, рече министерот. Според првичната епидемиолошка анкета, жената била на патување во Италија.

Позитивен на коронавирус е и нејзиниот син. Тој се лекува на Клиниката за инфективни болести во Скопје и е во стабилна состојба.

На денешната прес конфернција министерот за здравство, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање рече дека „се движиме кон пикот“ и новата бројка на заболени е очекувана.

Тој најави дека ќе се воведат нови, дополнителни мерки со кои ќе се ограничи движењето на лица над 65 години и до 18 години. Министерот Филипче рече дека до Владата, Комисијата за заразни болести ќе предложени нови мерки со цел да се заштитат најризичните групи.

„Вчера донесовме забрана за движење на сите граѓани од 21 до 6 часот наутро. Се работи на нови, дополнителни мерки со кои би се заштитиле најризичните групи. Станува збор за граѓаните над 65 години и за нив освен полициски час ќе биде ограничено движењето и во текот на денот, освен во утринските часови. Ќе има мерки и за оние кои не се во ризичната група, но го шират вирусот, тоа се младите лица до 18 години“, кажа Филипче.

Во последното деноноќие (од 12 часот вчера, до 12 часот денеска), во Македонија се регистрирани нови 29 случаи на заразени со коронавирус, со што вкупната бројка се икачи на 114 луѓе.

Во продолжение, проследете ја прес конференцијата на министерост за здравство Венко Филипче.