Мицкоски: Економските мерки се недоволни, ќе одговара секој што ја злоупотребил кризата!

1
Hristijan Mickoski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави отворено писмо до власта, во кое повика на будење на свеста и подадена рака. Имаме заеднички непријател, кој мора да го победиме, тое е пандемијата која одзема животи, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Тој смета дека мерките кои ги предложи лидерот на СДСМ Зоран Заев се премалку за да се спаси економијата и предложи дополнителни.

„Треба веднаш државата да покрие 50% од сите трошоци за вработените, плати и придонеси. Да се замрзнат плаќањата на рати кон банките и заемодавателите бидејќи тоа е добро и за банките, но и да се излезе со детална програма на Владата и функционерите на власт за финансиско кратење на нивните привилегии и непродуктивни трошења. Да почнеме со штедење не од работниот народ, туку од привилегиите на властодршците, со личен пример. Ќе предупредам парите во услови на ваква криза стануваат од ден на ден се поскапи, затоа што ги има се помалку. Задолжувањето до кое ќе се дојде доколку се чека премногу ќе биде со огромна камата и затоа треба да се направи рационален план за изнаоѓање на свеж капитал по најповолни услови што може да се обезбедат. Нема ние како власта која тогаш беше опозиција да пишуваме писма за да го блокираме задолжувањето“, пишува Мицкоски.

Во писмото тој порача дека здравјето е вистинско богатство и дека ќе одговара тој што земал злато и сребро на грбот на народот.

„Сите оние кои мислат дека може да профитираат од оваа криза, трговци со респиратори, пченица и ококорени политичари бизнисмени треба да знаат “здравјето е вистинско богатство, а не парчиња злато и сребро“, а ќе дојде време да се одговара за тоа кој земал и злато и сребро на грбот на напатениот народ. Но не е сега време за таа дебата, а ова го пишувам за да остане забележано и да се памети. Ова првенствено е писмо да ја разбуди совеста на оние кои управуваат со државата, да се ставиме над ситуацијата и да делуваме одговорно и одлучно. Ова е време на големи одлуки со кои ќе спасиме животи и ќе си ја заштитиме државата“, напиша Мицкоски.

Почитувани граѓани,Драги пријатели,Ова отворено писмо го пишувам во предвечерието на денот кога црниот биланс со…

Geplaatst door Hristijan Mickoski op Zondag 22 maart 2020