Ангела Меркел во изолација, била во контакт со заразен од коронавирус

2
Angela Merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва е сместена во домашна изолација откако се утврди дека била третирана од лекар за кој во меѓувреме се утврди дека е заразен од коронавирус.

Портпаролот на германската влада потврди дека канцеларката Меркел од вечерва е дома во карантин и од таму ќе ја врши канцеларската работа.

„Канцеларката одлучи да се смести во домашна изолација веднаш. Ќе биде секојдневно тестирана во следните денови и ќе работи од дома“, соопшти германската влада.

Лекарот, за кој се утврди дека е заразен со коронавирус, во петокот ја ја вакцинирал Меркел против бактерија на пневмокока.

Ќе треба време за да се утврди дали и канцеларката е заразена.