четврток, 24 септември, 2020
Реклама

Втор смртен случај од коронавирус во Македонија

Korona smrten slucaj Srbija

Маж на 63 години од Дебар е втората жртва од коронавирус во земјава. Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје тој починал, откако дошло до нагло влошување на состојбата.

Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал.

Пациентот немал позната историја на коморбидитет.

Mon Жан - Играчки