Коронавирусот ги прати вработените од Национални шуми дома

1

Двајца вработени од јавното претпријатие Национални шуми се заразени со коронавирус. Поради ова, претпријатието реши да спроведе мерки и да ја редуцира работата на своите подружници низ Македонија. Вработените од дирекција ќе работат од дома, складовите ќе ги чуваат чувари, но работата на терен ќе се одвива нормално.

Директорката на велешкото шумско стопанство Бабуна Љубинка Попова ги добила препораките од раководството на јавното претпријатие. Вели дека постапила согласно нив, но уверува дека дрва за огрев ќе има.

Љубинка Попова – директор на подружница Шумско стопанство „Бабуна“ – Велес

„Работиме во отежнати услови, администрацијата е дома и вработените од своите домови ја обавуваат работата. Ги дезинфициравме просториите на дирекцијата. Работиме нормално, колку што ни дозволува ситуацијата. Складот за дрва е под постојан надзор од чуварска служба, а нашите вравотени кои работат на терен, во планина, работат нормално и сечата на дрва е активна, така што ве уверувам дека криза со недостиг на дрва нема да има“, рече директорката Попова.

Nacionalni sumi

Инаку, од Национални шуми реагираат на се поголемиот број, како што велат, лажни вести за работењето на компанијата. Оттаму ги предупредуваат своите вработени дека „секој што шири лажни вести, ќе биде казнет“.

„Во овие тешки моменти за сите нас, за претпријатието и пошироко, кога повеке од се, потребно ни е заедништво и соработка , АПЕЛИРАМЕ до  вработените да запрат со дезинформации, омраза и сеење на страв.Само така  ке успееме да ја надминеме оваа состојба и пред се да го зачуваме  сопственото и  колективно здравје.Исто така информираме дека ке бидат преземени сите мерки  за спречување  на било какви  дезинформации, и санкционирање на  сите дејствија кои придонесуваат за   отежнување на состојбата во претпријатието и пошироко.Тоа значи дека,  секој вработен кој шири и пласира дезинформации, или лажни и непроверени информации со кои се загрозува нормалното функционирање на претпријатието ке сноси законски последици“, велат од Национални шуми.

Пред четири дена министерот за здравство Венко Филипче откри дека вработен во Национални шуми од Кавадарци бил позитивен на тестот за коронавирус. Заразена е и неговата сопруга, лекар во кавадаречката болница.