Две годишно дете од Скопје заразено со коронавирус

1

Двегодишно дете е најмладиот пациент заразен со коронавирус во Македонија, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој откри дека освен детето, коронавирус имаат и неговите родителите. Тие се заразиле преку локална трансмисија со веќе заразени лица.

„Двегодишно дете е од Скопје. Заедно со своите родители имаат позитивни тестови на вирусот, но се во стабилна состојба и се во домашно лекување“, рече Филипче.

Пред неколку дена, коронавирусот беше потврден кај четиригодишно девојче од Штип, за кое се проценува дека се инфицирало во градинка во Велика Британија.

Денеска до пладне во земјава се регистрирани нови 12 случаи на коронавирус, од кои пет во Куманово и седум во Скопје, каде што бројката на заболени е најголема – 88 од вкупно 148 случаи досега во земјава.

Filipce 24.03.2020

Двајца доктори и една медицинска сестра од кумановската болница кои имале контакт со починатата пациентка се заразени со коронавирус. Тие се меѓу петте нови случаи дијагностицирани во Куманово. Се чекаат резултатите од земените брисеви на други 63 лица вработени во болницата и роднини на починатата 57 годишна жена. За да се спречи ширење на вирусот во оваа општина, Владата донесе одлука од утре да се укине меѓуградскиот и градскиот јавен превоз во Куманово и да се затворат сите продавници во трговските центри.

„Сметаме дека со овие мерки и укинување на врските има сериозна шанса да се спречи патот на ширење на вирусот“, изјави министерот Филипче.

Изминатите 24 часа освен во Куманово, седум случаи со Ковид 19 се регистрирани и во Скопје, со што вкупната бројка на заболени во Македонија се искачи на 148. Од нив 29 се на лекување на Инфективната клиника. И понатаму критична е состојбата на првата пациентка од Дебар, а шест лица се со потешка клиничка слика, но се уште не се зависни од респиратор. Од утре во земјава ќе почне да се применува и експерименталната терапија за коронавирус.

„Комбинацијата што ја содржи лекот хлоркинин и азитромицин што се покажа како ефективен во повеќе земји и таа одлука ќе биде аплицирана од утре и во болнички и во домашни услови по соодветна индикација од лекарот, бидејќи е потребна прво проценка на клиничката состојба и се дава кај одредена група не кај сите“, рече Филипче.

Од утре вработени во Институтт за јавно здравје (ИЈЗ) ќе почнат тестирање и на 200 лица кои поради контакт со заболената поранешна директорка на Кожната клиника поминаа 14 дена во изолација. Инаку досега преку преку Мој термин матичните доктори закажале земање брисеви на 170 лица со што термините се пополнета за наредните 2 дена.

„Без закажување неможе да се оди во пунктовите“, рече министерот.

Целата негова прес конференција можете да ја проследите тука: