Изгоре струмичката телевизија ВИС

1

Ноќеска изгореа просториите на струмичката регионална телевизија ВИС.

Како што објавија од телевизијата, во пожарот кој избувнал во 2 часот утрово зафатени биле телевизиското студио и техниката, но и другите простории во старата касарна. Противпожарните екипи сè уште се на терен. Во текот на денот се очекува да биде извршен увид на самото место и да се утврдат причините за пожарот.

VIS pozar 1

„Рано утрово околу 2 часот изби пожар во зградата на поранешната касарна каде се сместени просториите на регионалната ТВ канал ВИС. Во пожарот кој изби зафатени беа телевизкото студио и техниката, но гореа и останатите субјекти сместени во зградата. Противпожарната екипа е се уште на терен и се обидуваат да го локализира пожарот. Увидна екипа на полицијата треба да дојде во текот на денот откако ќе се изгасне пожарот. Истрагата треба да покаже кои се причините на избивање на пожарот и колкава е материјалната штета. ТВ канал ВИС неа да ги остави гледачите без содржини. Телевизиските екипи ќе работат и понатаму на терен, ќе ги информираат граѓаните за се што се случпува во регионот преку официјалната web страна, фан страната на facebook, а вестите ќе се емитуваат на официјалниот youtube канал“, објави Телевизија ВИС на својата веб страница.