сабота, 26 септември, 2020
Реклама

Коронавирусот стигна и во Велес, тројца заразени!

Тројца велешани се позитивни на тестот за коронавирус. Тие се дел од 29-те нови случаи, регистирирани во последните 24 часа. Велес и Прилеп се градови кои во денешниот извештај за прв пат се појавуваат, а во кои има заразени со КОВИД-19. Со новозаразените, бројката на заболени во целата земја сега изнесува 177 лица.

„Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица“, напиша на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Mon Жан - Играчки