Коциќ: Смирено и без паника, да не шириме лажни вести!

1

Да останеме смирени и без паника да им дадеме поддршка на здравствените работници да се справат со болеста, порача денеска на својот фејсбук профил претседателот на Совеот на општина Велес Ненад Коциќ, откако беше објавено дека тројца велешани се заразени со коронавирус.

„После појавата на Корона вирусот и во Велес, што беше и очекувано (нема точка на Земјината топка што може да се изолира), ќе ве замолам (кажам) неколку работи:
1. Да им посакаме бргу оздравување на заразените и добро здравје на сите.
2. Бројот на заразени може и да се зголеми.
3. Сите максимално да се придржуваме кон препораките на Владата и Министерството за здравство.
4. Да не шириме лажни вести и дезинформации, не реагирајте на провокации од злонамерници.
5. Да останеме смирени и без паника да дадеме поддршка на здраствените работници во справување со болеста.
Ви благодарам, ќе победиме“, напиша Ненад Коциќ.

Почитувани велешани,После појавата на Корона вирусот и во Велес, што беше и очекувано(нема точка на Земјината топка што…

Geplaatst door Nenad Kocic op Woensdag 25 maart 2020